речник контакт

Наместо да се тепаат, летово ќе учат заедно

Триесет и пет деца од населбата Чашка и селото Горно Јаболчиште, велешко, ова лето ќе го минат во заедничко дружење и учење, за да ги надминат меѓунационалните рзлики.

Петар Печков

Иако од петок започнува големиот летен одмор, тие решија дел од времето да го поминат со книга, во совладување на англискиот јазик, информатиката но пред се надминување на етничките бариери, бидејќи доаѓаат од различни национални средини. Децата од Горно Јаболчиште се од албанската националност, додека децата од Чашка се македончиња.  Ова е проект на Мултиетничкиот центар Мозаик од општина Чашка.  Едно од поголемите богатства на општина Чашка освен природните убавини е и  меѓунационалната различност.

Жителите на општината знаат дека  до скоро немаше  фудбалски натпревар помеѓу учениците од Чашка и Горно Јаболчиште а да не заврши со тепачка. Имаме намера и сакаме да ги промениме овие состојби. Летово ќе бидеме заедно и  преку образованието ќе покажеме дека можеме. Преку овој проект на македонската јавност ќе и покажеме дека македонците и албанците умеат, знаат и  сакаат да бидат заедно учејќи го англискиот и компјутерите, ќе се приближуваме едни до други – изјави Александар Кукулев Сашко координатор на проектот. На овој начин населбата Чашка доби и бесплатна интернет услуга, бидејќи во остатокот од денот, кога нема настава,  компјутерите ќе бидат достапни за нејзините жители за игра и забава.

Дојдовме да научиме нешто повеќе. Имам пријатели  албанци во моето одделение, но не го знам албанскиот и затоа решив да доаѓам тука и научам нешто  ново. Посебно за албанските традиции   и јазикот. Преку овој курс ќе се дружиме и ќе се запознаеме уште  повеќе – изјави  Александар Арсовски еден од посетителите на овој проект. За негова  реализација ќе се погрижат двајцата дипломирани професори Авни Тахири по англиски  и Неваип Лимани по информатика. Тие двајцата со задоволство ја прифатиле поканата да работат со децата и им ги доближат фолклорот, културната традиција и животот на двете заедници, кои живеат тука една до друга.

Задоволен сум од условите што ги имаме тука за настава. Не сум имал можност да работам на компјутер, бидејќи на училиште немаме , некои деца дома имаат, затоа е добро да доаѓаме тука. Сакам да научам англиски и да се дружиме и така да научам македонски јазик, бидејќи досега не сум се сретнал со деца македончиња – изјави Кадриу Асанов ученик во седмо одделение во ОУ Лирија во селото Горно Јаболчиште. Тоа брои околу две илјади жители и дваесетината деца секој ден од понеделник до петок ќе патуваат неколку часа до Чашка и назад, по лошиот неасфалтиран пат за да присуствуваат на наставата.

Предвидено е за дружење да ги посетат бројните природни убавини во општина Чашка и така децата меѓусебно д а се запознаваат и дружат. Планирани се посети и викенд престои на селото Папрадиште и, потоа посета на Горно и Долно Јаболчиште, Велес, историски час во Горно Врановци каде се наоѓаат спомен музеите на Македонија од НОБ. Организаторите задоволни што на децата ќе имаат оригинален начин како да минат летната ферија.

Оваа канцеларија и овој симболичен број на деца, кои се опфатени со обуките, за нас се огромен успех. На овој начин нашите соништа станаа стварност. Ако претходно се делевме, време е да почнеме да се дружиме, ако некогаш не се разбираме, време е да почнеме да зборуваме на ист јазик. Тие што знаат и умеат, секогаш се чекор понапред, гледаат подалеку и размислуваат поинаку – вели Агим Муртезанов претседател на Граѓанскиот центар Мозаик.

Децата кои и го посетуваат овој проект се на возраст од 5-то до 8-мо одделение,а просториите каде ќе се одржува наставата ги отстапи локалната власт на општина Чашка. Проектот финансиски е поддржан од Швајцарската агенција за развој и соработка и ќе трае до крајот на август.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »