Петар Печков
Објавено: вторник, 09 август 2016
На синоќешното чествување на празникот заштитник на Велес, Св. Пантелејмон го немаше вообичаениот коктел. Наместо пари да се даваат за закуска, градоначалникот одлучил тие да се префрлат за друга намена.
За оваа цел имаше одвоено средства во висина од 30 илјади денари. Но наместо за коктел одлучив тие да ги префрлам на сметката за помош од невремето во Скопје. Таму се најпотребни – изјави Чадиев.
Освен него на синоќешната свеченост, која се одржав во храмот Св. Пантелејмон,а на присутните се обрати и Владиката Агатангел, Митрополит на Повардарската Епархија на МПЦ ОА. Во уметничкиот дел на програмата настапија камерниот црковен хор „Св. Великомаченик Пантелејмон“ и драмската игра„Ѕвездено молитвеење на Св. Пантелејмон Целебник“ од Весна Димитрова Бобевски.
Tweet |