речник контакт

Наместо „Инферно“ на Фестивалот Војдан Чернодрински во Прилеп, велешки театар ќе учествува со „Нема струја за електричниот стол“

Претставата „Инферно“ нема да биде одиграна од технички причини

Петар Печков


Наместо „Инферно“ на најважниот фестивал на театарот во Македонија, „Војдан Черднодрински“  каде учествуваат националните ансамбли, ќе учествува „Нема струја за електричен стол“.

Ова е одлука на организаторите, бидејќи претставата „Инферно“ на Дејан Пројковски бара исклучителна сцена, која во велешки театар се подготвува три дена.

Попусти биле напорите на велешани претставата да се одигра во татарот во Велес, но та можност била отфрлена. Поради тоа како замена на Фестивалот  е повикана исто така претстава на Пројковски „Нема струја за електричен стол“ со Исидор Јовановски и Васил Зафирчев.

Претставата ќе се одигра на  9 јули, петок во 21,30 часот во Прилеп. Во конкуренција за награди се 10 претстави .

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »