речник контакт

Наполеон се вдоми во САД

Тој по десетдневно патување стигна во Пенсилванија, сега има друтшво од далматинец и пит бул

Петар Печков

Kучето Наполеон, по десетдневно патување од Велес, преку Софија и Франкфурт, со авион стигна во својот нов дом кај Робин Kејси во Пенсилванија  Тоа ги мина сите маки на уличен пес, малтретиран, гладен за конечно да биде згрижен од добри луѓе и на крајот заврши во нов дом во САД. Со тоа неговата приказна продолжува на друг континент.

Никогаш нема да зажалам за ниту една жртва што ја направив Наполеон да стигне во САД и да го спасам. Среќна сум што тој си најде свој дом, а тажна што мораше да замине и да се разделам од него. Ако имав услови, покрај толку животни што ги имам, и него би го чувала. Наполеон одлично се вклопи во новата средина, има друштво далматинец и пит бул - вели Магдалена Ѓеоргиева, неговата спасителка од Велес.


Повреденото куче, кое беше без една нога, од Велес беше однесено во Софија, од каде што со помош на тамошно здружение за заштита на животни, замина со автобус за Франкфурт, од каде што по седум дена, исто така со авион, е пренесено во САД. За да може кучето да патува, Германка го откажа летот за САД, презакажувајќи друг термин со што наместо 1.200 долари, билетот за Наполеон чинеше 800 долари.

Неговата одисеја започна нa 19 јануари Водици, кога како повредено Магдалена го најде пред Поштата. Потоа  приказната за Наполеон преку социјалните мрежи  стана достапна на љубителите на животни од светот, кои заедно помогнаа тоа да најде свој нов дом во САД, кај Робин Кејси.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »