речник контакт

Направи добро дело

Велешките извидници доделуваат пакети со храна и училиштен прибор за ранливите категории семејства, во Велес, Лозово и Чашка

Петар Печков

По повод 22 февруари –  Светскиот Ден на Извидници , Извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес и  Сојузот на извидници на Македонија на вчера, недела  започнаа со реализирање на  хуманитарната акција  “Направи Добро Дело“, а истата ќе  трае во наредните десет дена. 

Со оваа помош која што ја доделуваме сметаме дека ќе извршиме иницирање на потреба за поголема грижа од страна на државните институции и други хуманитарни организации кон овие семејства кои ни беа целна група – изјави  Благој Ѓорчевски  началник на ИО Димитар Влахов. 

Акцијата се состои во доделување на пакети прехранбени производи и училиштен материјал и хигиенски материјали во десет семејства со социјален ризик и многудетни семејства и тоа во пет семејство во  Велес, три во Чашка и две во Лозово. Акцијата е со подолг временски период се со цел за да може да се посетат сите десет семејства во споменатите региони каде што извидничкиот одред “Димитар Влахов“ ја реализира својата одредска програма и мобилизира и вклучува членство. Средствата обезбедени во рамките на оваа хуманитарна акција се обезбедени преку проектни активности со  Цивика Мобилитас Швајцарска Развојна Агенција.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »