речник контакт

Напред розово - чекори против ракот на дојка

В сабота борците против ракот на дојка во Скопје ќе се зближат, ќе се дружат и ќе го слават животот.

Петар Печков

Здружението Борка – За секој нов ден, во соработка со Здружението Интегритет Алфа и Омега и Амбасадата на САД во Република Македонија на 19 Мај 2012 година по четврти пат ќе ја организира Кампањата за борба против рак на дојка, насловена како “Напред розово 2012 - чекори против ракот на дојка“.

Настанот ќе вклучи заедничка розова прошетка на повеќе од 1500 учесници кои пешачејќи 3 километри ќе испратат порака за важноста на раната дијагноза и поддршката на пациентите, како основен предуслов за победа над ракот на дојка.  Во прошетката ќе земат учество сите граѓани на Република Македонија, вклучувајќи и организирано учество на поддржувачи на Борка од 10 града: Струмица, Куманово, Свети Николе, Штип, Велес, Охрид, Прилеп, Кавадарци, Битола и Тетово.

По прошетката ќе следува музички хепенинг и неформални социјални активности со едукативен карактер, социјални игри кои ќе имаат за цел да овозможат луѓето, т.е. борците против ракот на дојка да се зближат, да се дружат и да го слават животот. Централниот настан ќе се одвива на Плоштадот Македонија во Скопје.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »