речник контакт

Народна кујна во Велес

Велешани во редица чекаа за да го добијат првиот оброк од народната кујна.

Петар Печков

Таа започна со работа од вчера и предизвика голем интерес, пред објектите каде што се делеше. Таму се најдоа и тие што беа повикани да ја добиваат, но и тие што слушнале а не се на листата, поради што бучно реагираа, прозивајќи го и министерот Стефчо Јакимовски, кој беше лично присутен на оделувањето на првиот оброк. - Дома сме осум члена а не нема на списокот за храна, не знам како се правели листите но има неправилности - запраша велешанка која попусто чекаше да добие оброк. Други пак велеа дека знаат дека ова е предизборен маркетинг, но дека сепак е добро што и на оваа социјална категорија граѓани се сетиле. Корисници на оваа услуга засега се само тие што добиваат постојана парична помош но над 60 години возраст. Истата ќе можат да ја подигнуваат во 6-те клона на Детската Градинка Димче Мирчев и тоа во петте работни денови, ќе добиваат салата, супа и главно јадење со месо. Според градоначалникот на Велес, Аце Коцевски храната ќе се дели во детските градинки, поради тоа што таму има помалку деца отколку што е капацитетот, од илјада оброци само половина 500 се користат за деца. За почеток по еден дневен оброк ќе добиваат стотина корисници, претежно стари, болни и изнемоштени лица. Народната кујна е реализирана во соработка на општина Велес и Министерството за труд и социјална политика кое ќе партиципира по 150 илјади денари месечно за храна.

АНКЕТА »

Дали ФК Борец ќе го мине баражот и од есен ќе игра во Втората фудбалска лига?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »