речник контакт

Народни верувања во Велес

[b]Црн Камен раѓа надеж за пород[/b] Според обичаите, на дрвјата се врзуваат панделки, а во трите минувања под водопадот, водата треба да го намокри посетителот за да се исполни желбата

Зоран Николов

Под водопадот во месноста Црн Камен врие од народ. Така е секоја година. Од Велигден до Спасовден тука доаѓаат стотици, илјадници брачни двојки што не можат да имаат деца. Желбата да го чујат детскиот плач, да ја почувствуваат родителската љубов и грижа ги натерала спасот да го побараат под водите на педесет метри високиот водопад во месноста Црн Камен, во близина на Велес. Од дамнешни времиња останало верувањето за исцелителната моќ на водите на овој водопад. Меѓу најревносните посетители што во изминатите десет години доаѓаат и минуваат под водите на Црн Камен се и скопјаните Снежана и Зоран. Тие доаѓаат на месноста Црн Камен во знак на благодарност што добија дете. Денес, осумгодишниот Димитар заедно со нив минува под големиот воден слап. - Подолго време бевме во брак, но немавме среќа да добиеме дете. Случајно дознавме дека ова место има исцелителна моќ. Дојдовме и минавме под водопадот. Во следната година добивме син. Сега тој, заедно со нас, секоја година минува под водата - вели Снежана. Во знак на благодарност, момчето го крстиле Димитар, по светителот-заштитник на манастирот „Свети Димитрија“, што е во близина на месноста и кој, според народното верување, треба да се посети за да се исполнат желбите. Според верувањата, месноста Црн Камен се посетува првиот петок по Велигден и во наредните 40 дена, се\\\' до празникот Спасовден. Тука доаѓаат луѓе од цела Македонија за да побараат спас од проблемите што ги тиштат и како бреме натежнуваат. Меѓу честите посетители е и 70-годишниот Трајче Мирчевски. Тој секогаш е таму да им се најде на луѓето, да им помогне. - Тука доаѓаат за здравје. Кога се доаѓа прв пат, под водата треба да се мине три пати. Потоа се зема камен што се чува до следната година. Тогаш под водопадот повторно се поминува три пати - вели дедо Трајче. По обичај, на дрвјата се врзуваат панделки, а во трите минувања под водопадот водата треба да го намокри посетителот за да се исполни желбата. Дедо Трајче посочува примери кога таа бегала од луѓе како „ѓавол од крст“, по што посетителите си заминувале плачејќи, бидејќи велеле дека се многу грешни. Тој се присетува на многуте брачни двојки што немале рожба, а следната година доаѓале кај водопадот со бебето. Имало случаи кога се раѓале и близнаци, па и тројки. Токму таков е случајот на штипјанката Аница. Иако била во брак девет години, со сопругот немале деца. Првпат дошле лани, минале под водите на Црн Камен, а годинава тука беа со тримесечното бебе. Таа и нејзиниот сопруг беа пресреќни и презадоволни што им се ос?варила големата желба да добијат наследник. Според народното предание, месноста Црн Камен името го добила по еден немил, црн настан што се случил пред речиси 1.500 години. Многу одамна тука живееле попови и при доаѓањето на освојувачите сите тие биле заклани, заедно со монасите. Во прилог на ова тврдење е и фактот што стариот град Вила Зора, чии тврдини се\\\' уште стојат, е во непосредна близина на Црн Камен. Се верува дека тука имало храм во кој живееле свештениците што службувале во градот, а кои биле жртви на непознати напаѓачи. Црн Камен е пет километри јужно од Велес. Се наоѓа по манастирот „Свети Димитрија“, сместен во пазувите на ридовите што го скриваат од очите на минувачите. До него води пристапна патека, за чие искачување е потребен голем напор и добра кондиција. Овој локалитет е на картата на значајните македонски места што треба да се посетат. Тука навраќаат и странци што прочитале за оваа природна убавина. Извор:[url=dnevnik.com.mk/?ItemID=D4704EE1E7E0E34DAFE26F0F3D3F7E21]Дневник[/url]

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »