речник контакт

Насмевка во пижами

Малите велешки пациенти од детското одделение при Општата Болница заслужуваат подобри услови за лекување, поради што

Петар Печков

Малите велешки пациенти од детското одделение при Општата Болница заслужуваат подобри услови за лекување, поради што Фондацијата за локален развој и демократија „Фокус“ започна проект „Насмевка во пижами“.

Со него на децата од ова одделени треба да им се обезбеди постелнина,пижами, сликовници, детска литература постери, слики, бидејќи истото од далечната 1977 година не е подновено ниту ги  има неопходни детски работи.

- Проектот ќе трае неколку месеци во кој период очекуваме дека ќе ги  собереме потребните средства за Детското одделение да добие нормален лик за 21-от век. Сите што сакаат да помогнат се добредојдени, а очекувам дека ќе помогнат не само граѓаните преку кутии за парична помоиш, туку и стопанствениците од Велес - изјави на денешната прес конференција, координаторот на проектот Александар Кукулев.

Крајна цел е да се соберат доволно средства со што би се подобриле условите за престој на децата кои се лекуваат на ова одделение.

Организаторот на кампањата Фондацијата Фокус, која се промовираше на неодамнешниот саем на НВО е задоволен од почетокот и велат дека ако се суди по утрото, ќе имаат добар одзив, бидејќи прв донирал претседателот на Македонија Бранко Црвенковски.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »