речник контакт

Наспроти ковид-19 заканата, за осум месеци во градот склопени 147 брака

Во овој период нема организирање на свадби но бројката покажува дека животот продолжува и без веселби

Петар Печков

Животот продолжува, наспроти пандемијата со ковид-19. Во првите осум месеци од годинава во Управата за водење матична евиденција, Подрачна единица Велес биле регистрирани 147 склопени брака, информираа од Управата. За споредба во истиот период лани имало 265 ново склопени брака. 

Тоа е за  без малку половина помалку, но ако се знае дека во овој период нема организирање на свадби, веселби, бројката покажува дека животот продолжува и без свадби, младите склопуваат брак. За потсетување дека еден месец од 20-ти март до 24-ти април годинава во велешко немаше ниту еден склопен брак. 

За новите бракови кои  се склопуваат  согласно протоколите, во салата од Ликовниот салон,  можат да присуствуваат само младенците, двајца сведоци и двете службени лица, матичарот и членот на Советот на општината. Можно е и склопување на брак  надвор од службани простории, на отворено на друга локација, по желба на младите, за што се доплатува. Но и таму остануваат мерките кои важат за заштита од ковид-19, држење на растојание и за гостите заштитни маски.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »