речник контакт

Наставата во село Клуковец не е започната

Родителите не ги пуштаат децата поради лошите услови за работа

Петар Печков

Новата учебна година за  учениците од подрачното училиште во  село  Клуковец не е  започната. Три дена 50-тина  ученици,  кои посетуваат  настава на мајчин албански јазик од прво до петто одделение не седат во училишните клупи. Родителите се гневни што нивните деца  немаат нормални услови за учење.   

Децата нема да одат на школо додека не се создадат нормални услови за настава.   Учат во училници кои не се достоинствени за деца. Кровот лани го поправија, но имавме ветување дека ќе добиеме нова зграда која ја баравме, тоа не се случи. Потоа бараме уште двајца  наставници повеќе за да ја одржуваат настават за учениците, оти постојните се  премалку – велат родителите кои се само организираа.  

И ланската година во ова подрачно  училиште на ОУ Васил Главинов од  Велес не започна  учебната година, поради тоа што кровот прокиснуваше. Откако овој  проблем беше решен, децата тргнаа на настава. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »