речник контакт

Настани од билтенот на МВР за изминатиот викенд

Притвор за велешанецот кој на Којник нападна полицаец, момчето кое нападна полицаец во Лозово, се вратил па ја нападнал сорпугата на таткому, жена пријавила дека на Железен мост била нападаната од маж кој потоа таму се самозадоволувал, момче на 22 години од кавадаречко Дреново се обидел да силува жена на 72 годишна возраст од истото село

Петар Печков

Истрага и притвор за велешанецот Д.Т (32 год) кој на 17 ноември нападна полициски службеник , откако беше откриен дека поседува  опојна дрога.  Основното јавно обвинителство Велес донело  Наредба за спроведување истражна постапка против 32 – годишен велешанец за кого постои основано сомнение дека сторил две  кривични дела – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и кривично дело – Напад на службено лице при вршење работи на безбедноста.
„На 17 ноември осомничениот нападнал службено лице – полицаец од СВР Велес кој се обидел да го претресе. Кога полицаецот со уште двајца колеги се доближил, осомничениот почнал да бега. Штом полицајците го стигнале, тој два пати со тупаници го удрил оштетениот полициски службеник во пределот на градите, а со нога го удрил во ногата и телесно го повредил. Осомничениот бил совладан и кај него биле пронајдени 55,44 грама марихуана и 0,48 грама кокаин“- соопштија од ОЈО Велес.
Поради опасност од бегство и повторување на кривичното дело, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка на Основен суд Велес доставил предлог за определување мерка притвор. Судијата го прифатил предлогот и на осомничениот му определил притвор во траење од 30 дена.


Неделата вечер околу 20.30ч.  на Железен мост жена била нападната од маж

На 20 ноември  во Полициската станица Велес, 66-годишна жена од Велес пријавила дека на пешачката патека кај Железен мост во Велес едно машко лице ја нападнало и допирало по телото,  а откако успеала да се оддалечи лицето почнало да се самозадоволува“ - соопшти Ристе Самарџиев портпарол на СВР Велес.   Од полицијата додаваат дека се работи на расчистување на случајот.

На 18 ноември  момче од кавадаречкото село Дреново, С.Р. (22 год). се обидел да силува 72 годишна жена, жителка на селото. На момчето му е изречен  домашен притвор а против него ОЈО Кавадарци отворило истрага за кривичното дело силување во обид. .
„На 18 ноември, со употреба на сила, осомничениот се обидел да присили на обљуба 72-годишна жена. Тој влегол во нејзиниот дом, покривајќи го лицето со маица, по што се обидел да ја изврши обљубата“ - информираа од ОЈО Кавадарци. .
Надлежниот јавен обвинител му предложил на судијата на претходна постапка да определи мерка притвор за осомниченото лице. Судот, ценејќи ги сите околности, не го прифатил предлогот и за осомничениот определил мерка куќен притвор за време на која тој не смее да го напушта домот и да комуницира со оштетената.

Велешанецот Д.М. (24 год) сторил нов инцидент откако  кај него  на 16 ноември  во село Лозово,  беше  пронајдена марихуана, а при приведувањето физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија. На 18 ноември, откако бил пуштен од Полициска станица Свети Николе, заминал во Лозово, каде ја нападнал сопругата на татко му С.М. (45 год), поради сомнение дека таа го пријавила на полицијата. ОД МВР информираа дека работат на расчистување на случајот по што ќе биде поднесена соодветна пријава. 

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »