речник контакт

Настани од билтенот на СВР Велес

На ден пладне, уапсен велешанец бегалец од затор, кај затвореник во велешки затвор пронајдена марихуана и поранешниот вонбрачен партнер ја нападнал екс сопругата иако имал забрана да се доближува до неа

Петар Печков

Неколку настани од билтенот на СВР Велес.

Денеска 7 декември во 12 часот на ул.„Димко Најдов“ во Велес, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода Џ.Н.(30) од Велес.

„Лицето  било осуден на казна затвор од една година и два месеци за сторени кривични дела по член 236 од Кривичниот законик, за „тешка кражба“. За него била распишана централна потерница по наредба од Основен суд Велес за до издржување казна од речиси 12 месеци. Лицето ќе биде предадено на надлежната казнено - поправна установа за до издржување на казната“- соопшти МВР.

Утрово бил уапсен велешанец, кого поранешната вонбрачна партнерка го пријавила за семејно насилство иако имал забрана за приближување до неа.

„На 7 декември  вo 04.00 часот, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода П.Н.(28) од Велес. Тој, во 01.00 часот, не почитувал судска забрана за приближување до живеалиштето на неговата поранешна вонбрачна партнерка и дошол во нејзиниот дом, а по кратка расправија физички ја нападнал“ - информираше Ристе Самарџиев, портпарол на СВР Велес.

П.Н. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, полицијата  ќе  поднесе  соодветна пријава.

Вторникот попладне , 6 декември   околу 16.30 часот во СВР Велес, од Казнено -поправната установа Затвор Велес – отворено одделение,  било пријавено дека при редовен претрес на осудениците, кај Д.П.(26) од Велес била пронајдена марихуана.
„Полициски службеници извршиле увид и ја подигнале марихуана за понатамошна постапка“- информираа од СВР Велес.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »