речник контакт

Највисока бројка од 14 нови случаи со ковид-19 во велешко последниот месец

Скокна бројката и на згрижени лице во двете ковид одделенија од велешка Болница. Таму има 14 пациенти.

Петар Печков

Изминатите 24 часа во велешко се регистрирани 14 нови случаи со ковид-19, што е највисока бројка последните месец дена. Во истиот период оздравено е едно лице. Или бројката на активи случаи скокна на 26 лица.

Скокна бројката и на згрижени лице во двете ковид одделенија од велешка Болница. Таму има 14 пациенти, шест повеќе од вчера.  Hа Инфективно хоспитализирани  се шестмина а на Интерно се осуммина   пациенти. Ново  примени се двајца пациенти  а   испишани нема.

„Потврдено позитивни се двајца пациенти   и непотврден тројца а девет  пациенти  се    негативни   но со потреба од болнички третман. На кислородна поддршка се четворица  пациенти “ - кажа д-р Елена Левкова Ќулумова, портпарол на Општа Болница Велес.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »