речник контакт

Највозрасните резервирани за вакцинација против ковид-19, се пријавиле само 20 отсто

Зошто граѓаните од ранливата група, кои се во вториот дел од програмата за вакцинација, лица +70 години не се пријавуваат да се вакцинираат

Петар Печков

Само 20 отсто од предвидените граѓани, на возраст над 70 години се пријавиле до вчера за вакцинација против ковид-19.  Според Националниот план за вакцинација планирани се 170 илјади граѓани а Министерството за  здравство до вчера ги преброја 38 илјади, што преку матичен доктор, други електронски се пријавиле за вакцинација. Слабиот интерес го потврдуваат и матичните доктори.

 „Нема таков интерес како што се очекуваше. За разлика од вакцинација против сезонскиот грип, кога се чекаше за термин, сега возрасните над 70 години ретко потврдуваат дека сакаат да бидат вакцинирани. Не може да се каже зошто се резервирани, но факт е дека чекаат“ - вели  д-р Лили Чолакова Дервишова, претседател на Здружението на приватни лекари од земјава. 

Ваква е состојбата  во приватните здравствени ординации, потврдуваат и други лекари од Велес. По обврската која им ја даде Министерството за здравство, телефонски да ги контактираат лицата над 70 години, малкумина од нив потврдиле дека ќе се вакцинираат.

„Има случаи, кога граѓанинот потврдува дека сака да се вакцинира, но тоа да било подоцна, по некое време. На прашањето зошто така, одговори дека ќе чека да види какви последици можеле да се јават. Во други случаи пак велат ќе се вакцинираат само со вакцина од одреден производител, не со ова, не со онаа. Трети пак велат, се вакцинирав од сезонски грип, не сакам повеќе„ - објаснува приватен доктор од Велес.

Вакцинацијата на лица  над 70  годишна возраст, според Националниот план за вакцинација, започнува веднаш после здравствените работници опфатени во првата фаза.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »