речник контакт

Најдобриот полицаец, пожарникар и хуманист за Велес

Општина Велес ги награди најдобриот полицаец, најдобриот пожарникар и хуманист за 2008-та година.

Петар Печков

Општина Велес ги награди најдобриот полицаец, најдобриот пожарникар и хуманист за 2008-та година. По препорака на СВР Велес за најдобар полицаец прогласен е Иле Трајковски а Противпожарната единица го предложи за најдобар пожарникар Марјан Мицев. Општинскиот црвен крст на Велес за најхуман крводарител оваа година го посочи Јордан Коларов кој дал 143 пати од драгоцената течност.

На сите нив им беа врачени плакети. На свеченоста општина Велес им подари телевизори на Детското одделение при ЈЗУ ?пшта Болница и на Противпожарната единица од Велес.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »