речник контакт

Најдобрите наставници за 2013 та година

За денот на Словенските просветители признанија за Лила Арсова, Весна Христовска и Томислав Иванов

Петар Печков

Во салата „Бели мугри“    се одржа свечена академија што ја организира општина Велес по повод 24 Мај - Ден на Сесловенските просветители светите браќа Кирил и Методиј. На неа беа доделени признанијата за најдобрите просветни работници за изминатата наставна година.

За најдобар наставник во одделенска настава е прогласена Лила Арсова од ОУ „Рајко Жинзифов“ од Горно Оризари, за најдобар наставник по предметна настава е прогласена Весна Христовска, наставник во информатика и техничко образование во ОУ „Стојан Бурчевски Буризан“ во с. Иванковци и за најдобар наставник во средно образование  е прогласен Томислав Иванов, професор по електро стручни предмети во ССОУ „Коле Неделковски“ во Велес.  Нив признанијата им ги додели градоначалникот на Општина Велес.

Велес се гордее со своите наставници во основното и средно образование. Тие го продолжуваат континуитетот на македонскиот јазик, култура и просвета. Благодарение на вас Велес е на највисоко ниво во доменот на образованието во Република Македонија. Успехот што нашите ученици го постигнуваат на државните и меѓународни натпревари е резултат на вашиот труд и залагање, рече Чадиев честитајќи им го празникот на просветните работници.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »