речник контакт

Најдолгиот цртеж во Македонија го нацртаа децата од Велес

Стоипедесет велешки деца од градинката Диме Мирчев го нацртаа најдолгиот цртеж во земјава во должина од стотина метри. Тој се наоѓа на тротоарот пред Младинскиот парк

Петар Печков

 Оваа активност беше по повод Детската недела која се одбележува оваа седмица. Децата цртаа со мрсни боички на тема како сакам да изгледа мојот град. Тие Велес го обоија во боите на виножитото, со многу зеленило и дрвја, тоа што сметаат дека најмногу му недостига на градот.

Така ги собраа симпатиите и комплиментите на возрасните, кои со нескриени пофалби потврдија дека и нивна желба е да имаат таков град.

Цртежот се работеше на тротоарот пред Младинскиот парк за потоа да биде сочуван во градинката.

АНКЕТА »

Каде го минавте летниот одмор?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »