речник контакт

Најдолговечни и најпопуларни гаџети се

Таблет компјутерите, паметните телефони и плазма телевизорите ќе се најдат на новогодишните списоци на многу луѓе, меѓутоа дали сите овие уреди ќе можат да го издржат тестот на времето?

Петар Печков

Најновото истражување покажа дека дигиталниот часовник, кој луѓето го ставаат покрај креветите, ќе биде гаџет кој најдолго ќе биде покрај нас. Со своите светлечки бројки и функции кои се вршат со притисок на копче, не е со најнова техника, но се работи за уред од кој луѓето не сакаат да се разделат.

На листата на топ 10 гаџети кои се најдолго со нас се наоѓаат калкулатори и електрични ножеви за сечење, но и видео рекордерите бидејќи се уште постојат семејства кои не сакаат да се откажат од нив и на кои и понатаму гледаат стари филмови и ја користат можноста за снимање на програми. Иако во прашање се уреди од кои тешко можеме да се откажеме, тоа не се уреди кои најмногу ги сакаме, судејќи според анкетата која ја спроведоа членови на емисијата The Gadget Show.

Паметните телефони и безжичниот интернет се наведени како уреди без кои многу луѓе не можат да си го замислат својот живот. - Многу често на гаџетите гледаме како на модерни и актуелни уреди со многу кус рок на траење, меѓутоа оваа листа покажува сепак дека тие најдобрите успеваат да се справат со тестот на времето. Ќе биде многу интересно да се види што ќе се случи со денешните уреди за 30 години - изјави еден од промоторите на оваа емисија.
Погледнете ја листата на најдолговечните гаџети:

1. Дигитален будилник
2. Грил
3. Џебен калкулатор
4. Гејмбој
5. Електричен нож за сечење
6. Тостер
7. Машина за правење леб
8. Дигитален часовник
9. Видео рекордер
10. Грамофон

Овие се десет гаџети кои луѓето најмногу ги сакаат:


1. Смартфон
2. Безжичен интернет
3. ТВ
4. Лаптоп
5. Таблет
6. Некои од бројните конзоли за игри
7. Дигитален ТВ плеер/снимач
8. МП3 плеер
9. Е-читач
10. ДВД плеер

 текстот е преземен од Б92 - Белград

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »