речник контакт

Најисплатливи дестинации за 2012 година

Меѓу дестинациите кои србите кои ги препорачуваат за следната година во друштво со Португалија, Азорите, Полска, Исланд е и Охрид

Петар Печков

Познатите светски медиуми и туристички водичи покрај пописот за најпосакувани места за патувања во идната година, советуваат и за земји или градови каде покрај нештата кои вреди да се видат или да се доживеат, очекуваат и посебни поволности, поточно најдобар однос на цените и квалитетот.

Бидејќи некои од предложените дестинации често се многу далечни и поради тоа не им се достапни на српските патници, направивме избор на места кои се Топ 10 за 2012 година, листа која ја подготвија тимови на Лонли планет, Нешанл џеографик и Фокс њуз, а до кои од нашите краеви може да се стигне едноставно и поевтино.

Охрид – Од туристичките атракции во земјите од регионот Лонли планет го истакна и македонскиот град Охрид, прекрасен средновековен град на брегот на истоименото езеро. Освен Охридското Езеро, зголемената туристичка популарност на Македонија најпознатиот туристички водич во светот и ја припишува на нејзините лозја, планински предели и старите цркви изградени во византиски стил. Македонија го свртува вниманието посебно поради своите цени, со оглед на тоа дека приватна соба може да се најде и за помалку од 10 евра.

Португалија и Азорските Острови – Меѓу земјите кои треба да се посетат поради пристапните цени намалени поради економската криза, Фокс њуз го препорачува Азорските Острови, португалски архипелаг во Атлантикот. Финансиските проблеми доведоа до пад на цените на хотелското сместување, во однос на ланската година, како и авионските летови од Португалија до островот, на чие вулканско потекло потсетуваат песочните плажи и кратерските езера. Азорите најдобро е да се посетат кон средина на годината, а температурата е одлична се до октомври.

Лонли Планет поради пониските цени го препорачува португалскиот Порто, интересен туристички град, кој со евтини авионски линии е поврзан со многу делови во Европа. Блиску до историскиот град прославен по истоименото десертно вино, се наоѓа и лозарскиот регион Алто Дуро каде можете да уживате во плодовите на природата и да најдете поволно квалитетно сместување.

Коста Брава – Поради интересните градчиња, архитектура и весело обоените бродчиња, овој дел од Медитеранот често го нарекуваат и шпански креативен брег. Во таа слика секако се вклопува и куќата на Салвадор Дали, каде славниот уметник се доселил од Каталонија. Средновековниот град Џирона, исто така е многу креативно место, посебно во текот на пролетниот фестивал на цвеќето „Темп де Флорес“. Изненадувачките цветни креации тогаш ги прекриваат градските улици и плоштади, скалите на катедралите и камените ѕидови на оградените дворови. Секако треба да се посети и рибарското село Калеала де Палафругел познато по куќите и рестораните покрај морето.

Грција – Меѓу земјите кои се најдоа на повеќе поволни топ листи е и Грција. Фокс њуз наведува дека посебно главниот град Атина се истакнува со поволни туристички понуди наспроти масовната криза и заканите од државен банкрот. И додека во цела Грција цените на хотелите лани во просек паднаа за 4 отсто, во Атина се намалија за околу 15 отсто, не сметајќи ги посебните сезонски попусти или редовни поволности. Освен Атина, вреди да се посетат и грчките планини, внатрешноста и секако островите, кои се прославија со туризмот во оваа медитеранска земја.

Исланд – Топлите гејзери се идеални сауни во амбиент опколен од мраз, заводливите водопади се единствени остатоци од последното ледено доба, исто како волшебни фјордови, планинските полиња, монументалните заливи и плажи од црн песок. Последната вулканска ерупција не потсетува дека Исланд и понатаму е земја во настанување чиј пејзаж го открива и домашното население. Последните години на финансиско зајакнување ја направија Исланд прифатлива, со цени кои сега се прилагодени со цените во еврозоната.

Полска – И Полска благодарение на спортот, поточно на фудбалот, е вклулчена на пописот на најпосакуваните дестинации во 2012 година. Поради Европското фудбалско првенство, чиј домаќин ќе биде со Украина, во Полска се градат многу нови стадиони, а се подготвува и содржина интересна за сите, без оглед дали го обожуваат фудбалот или не. Цените на сместувањето во Полска се меѓу поефтините во Европа, а има и многу знаменитости кои треба да се видат. Од Краков и Варшава до Гдањск и северните балтички плажи.

преземено од vesti-online.com - Белград

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »