речник контакт

Најлон city

И оваа есен дел од Велес е претворен во најлон тераса.

Петар Печков

И оваа есен дел од Велес е претворен во најлон тераса.

Угостителите со метални конструкции и најлони го заградиле плочникот каде беа поставени летните терасите и без дозвола од Градот ги распослале масите како да е летна сезона.

Според Правилникот на градските власти кафеанџиите имаат дозвола да поставуваат летни тераси до 30 октомври, за што плаќаат комунална такса на Градот. Од 1 ноември сите маси и столови мора да бидат отстранети од јавните површини. Терасите не е дозволено да се оградуваат и затвораат со метални конструкции и најлони. Но ваквата одлука на градските власти, веќе со години  не се почитува од истите кафетерии. Кафеанџиите цела зима си тераат бизниси под најлони на јавна површина, а за тоа не плаќаат комунална такса на Градот.

Затоа реагираат дел од сопствениците на кафетериите кои ја почитуваат регулативата и си ги собраа масите. Комуналниот инспектор кој е надлежен за овој проблем, прерано го зафатил зимскиот сон или пак не ја знае регулативата. А за тоа време сликата зборува како изгледа дел од градот спроти Гимназијата.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »