речник контакт

Најмногу алкохол пијат Луксембуржаните, најдебели се Унгарците, најмалку спортуваат Италијанците

Македонците пијат 3,7 литри. Дијабетис и астма во Европа ги има се повеќе а на порастот влијание има пиењето на алкохол, пушење, мрсна храна

Петар Печков

Најновиот извештај на ОЕЦД покажа дека зачестеноста на болестите како што се дијабетис и астма во Европа е се поголема. На порастот влијание има  подобреното дијагностицирање, но и пиењето на алкохол, пушење, мрсна храна, пишува Вашингтон Пост.

Најмногу пијат жителите на Луксембург

Но, секако дека постојат и разлики меѓу разни европски народи во подложноста на тие лоши навики, а најновите истражувања уриваат и некои предрасуди за нациите. Иако постои перцепција дека најмногу пијат Французите и Скандинавците, според податоците на ОЕЦД жителите на Луксембург годишно конзумираат најмногу алкохол. Просечно полнолетен жител на Луксембург пие 15,3 литри алкохол годишно, што е 12 отсто повеќе од што пиеле во 1980 година. По нив, по алкохолизирање следат Летонците и Романците со 13,2 и 12,7 литри годишно.

Просекот на ЕУ е 10,7 литри алкохол годишно, а Хрватите се дури и под тој просек со 10,1 литри. Од земјите на ЕУ најмалку пијат Италијанците 6,9 литри и Швеѓаните 7,3 литри. Од европските земји надвор од ЕУ Турците пијат само 1,5 литри алкохол, а Македонците 3,7 литри.

Меѓу 15-годишните младинци, повеќето Литванци и Данци признале дека два пати во животот се напиле, додека просекот на ЕУ е 36 отсто. Интересно е дека Италијанците за 60 отсто ја намалија конзумацијата на алкохол од 1980 година. Иако даноците за алкохол се зголемија, а рекламирањето е поригорозно, ЕУ сепак во светот е прва по пиењето, но од 1980 година конзумирањето на алкохол е намалено за 15 отсто.

Најмногу дебели во Унгарија

Процентот на дебели луѓе во последните 20 години двојно се зголеми во Европа и сега во таа категорија спаѓаат 17 отсто граѓани на ЕУ. Најмногу дебели 28.5 отсто има во Унгарија, а следи Британија со 26.1 отсто. Просекот на ЕУ е 16,6 отсто дебели луѓе, додека најмалку се во Романија со 7,9 отсто, Италија со 10,3 отсто и Холандија со 11,4 отсто.

Авторите на студијата напишаа дека решение за дебелината кај жителите може да биде воведување на данок на масти и шеќер, кој веќе е воведен во Финска, Франција и Унгарија.

Само седум отсто момчиња во Италија редовно вежбаат

Вкупно едно од пет деца во државите на ЕУ велат дека редовно вежбаат. Во истражувањето не е испитувана физичка активност меѓу возрасните, но ако децата можеме да ги сметаме за мали луѓе, Италијанците се во опасност. Само седум отсто девојчиња и 12 отсто момчиња рекле дека редовно се занимаваат со физички активности, додека малите Австријци се најактивни. Според просекот на ЕУ редовно вежбаат 19 отсто девојчиња и 28 отсто момчиња. По Италија најлоши се Французите и Данците, додека шампиони во вежбање по Австријците се Ирците и Шпанците.

 Текстот е преземен од Вашингтон Пост

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »