речник контакт

Најмустаќ на Велес Зоран Ѓоргиев, мустаќ во обид Роберт Митровски (фото)

Петстотини евра собрани од Мовембар, ќе се донираат хуманитарно

Петар Печков

Со завршувањето на месец ноември, заврши и  акцијата на движењето Мовмебар во Велес. За овие 30-тина дена тие собраа 30 илјади денари, кои ќе бидат наменети за хуманитарна цел.  

Тие се собираа со продажба на маички, со собирање на средства преку касичка, од продажбата на 200 литри  пиво донација од Скопска пивара.  Парите кои ќе бидат донирани   за хуманитарна намена.   

Преку  движењето   Мовембар  од почетокот на ноември,   со носење на мустаќи , со промена на изгледот,  го привлекувавме  вниманието на јавноста. Многумина на прашаа, зошто мустаќи и на секој му обраснувавме, така директно зборуваме за грижата за машкото здравје.     Целта беше   погинување на свеста за проблемите од машките болести – рак на  тестиси рак на простатата и превенција од нив. Ако се прави поредовни контролата кај доктор барем еднаш годишно , многу поефикасно ќе се решат овие машки болести. Ако секој од мажите отиде на превентивен преглед, нема да се  јават  последиците подоцна  - кажа  Ѓорги Нанов од движењето  Мовембар  Велес.  

Тие се само организираа годинава по пети пат  за завршницата е нивниот симпозиум, на крајот од месецот кога во Паб, ги мереа мустаќите.  На нај мустаќ на Велес беше избран Зоран Ѓорѓиев а мустаќ  во обид беше на Роберт  Митровски.   

Фотографиите се на Дејан  Ристовски 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »