Петар Печков
Објавено: сабота, 04 април 2015
Кире Ацевски е најредовниот гледач на велешкиот театар. Ако се знае дека има само 14 години и во театар започнал да оди на 12 тогаш неговата љубов кон оваа уметност е навистина огромна. За две и пол години изгледал повеќе од сто претстави.
Љубовта кон театарот е пренесена, генетска од мојот дедо Тодор Јованов. Тој беше актер аматер така што јас ја продолжувам таа лоза. Почна некаде на седум години и еве по исто толку време, силно притиска. Од 12 години решив, да биде актер, тоа е мојата конечна желба - вели Кире. Тој за последните години редовно доаѓа ан секоја претстава, било велешка, било гостување. Ги гледа и по неколку пати, се што е играно на репертоарот тој го има видео. И за сите претстави кој ги посетил си купил влезница.
Не ми претставува никаков проблем посета на претставите, напротив задоволство. И од парите за џепарлак, ги користам за да посетам претстава. Не купувам друго ама за театар мора да има , се откажувам од друго, зад а има за театар - објаснува Ацевски.
Најмногу ја имам гледано ,,Ноќите во бел сатен,, бидејќи таа е најчесто играна. Најголема чест му било што за отворањето ан новата театарска зграда бил повикан од директорот Витанов, кој чино му се јавил и му подарил влезница за да ја гледа премиерата на ,,Најважната работа не светот,,.
Кире е учесник во ОУ Блаже Конески а цврсто е решен дека еден ден ќе биде актер. Работи една година со Весна Димитровска Бобев за да ги научи тајните на актерството. Ги има сочувано сите билети од претстави кои ги има гледано.
Tweet |