речник контакт

Најсмешни прашања поставени во книжарница

Ја барам Библијата, ама не знам кој е авторот.. Дајте ми книга подарок за некого кого го мразам...Не сакам биографии. Главниот лик обично умира на крај....Дали имате аудио книги на знаковен јазик? ...Ја барам Ромео и Јулија со Ди Каприо и една банда...Муштерија ја купува Гулеверовите патувања, оти сакал да посети необични места...Овој Шекспир го има секаде, кога веќе еднаш ќе умре...

Петар Печков

Продавачите на книги често се сретнуваат со прашања кои варираат од смешни до целосно бесмислени... Ах, Шекспир. Тој е насекаде, зарем не? Не можете од него да побегнете. Би сакал на сите да направи услуга и да умре веќе еднаш... Ми се допаѓаат само книги кои можат да ме убедат дека тие работи навистина се случиле. Како Сага на самракот. Дали имате аудио книги на знаковниот јазик?

Џен Кемпбел, која работи во книжарницата Рипинг џамс во Лондон, одлучила да ги собере на едно место. Таа напиша книга – Чудни работи кои муштериите ги кажуваат во книжарница, која оваа недела треба да се најде во продажба. Ги издвојуваме најинтересните делови.

Муштерија: Би сакал да ја вратам оваа книга Каде е Воли?
Продавачот: Зошто?
Муштерија: Затоа што го најдов.

Муштерија: Ах, Шекспир. Тој е насекаде, зарем не? Не можете од него да побегнете. Би сакал на сите да направи услуга и да умре веќе еднаш...

Муштерија: Ми треба некоја грозна книга да ја подарам на некој што го мразам. Имате ли препорака?

Муштерија (држи книга за уметност): Пикасо сигурно имал многу гадна девојка. 

Муштерија (ја купува книгата Гуливеровите патувања): Размислувам да појдам на патување, па се мислев дека оваа книга ќе ми даде идеја да посетам некои места. Ми делува дека бил во некои чудни краишта во светот! 

Муштерија (до пријателот): Ми се допаѓаат само книги кои можат да ме убедат дека тие работи навистина се случиле. Како Сага на самракот. 

Муштерија: Книгата Гордост и предрасуди е објавена многу одамна, зарем не?
Продавачот: Да
Муштерија: Така и мислев. Колин Фирт изгледал баш добро за своите години тогаш.

Муштерија: Дали имате аудио книги на знаковен јазик?

Девојче (ја покажува книгата Мачка со шешир): Направив шешир за својата мачка, но таа не сака да го носи. Оваа книга е полна со лаги.

Муштерија: Не сакам биографии. Главниот лик обично умира на крај.

Муштерија: Во кој дел на книжарницата можам да најдам книга за функционирање на мотор со внатрешно согорување која е соодветна за дете од три години?

 

Девојче: Тато ќе ме носи во Зоолошка градина! Сакам да им читам книга на шимпанзата. Дали имате некоја книга која има слики со мајмуни?

Продавачот: Сигурна сум дека имаме, ќе ти помогнам да ја најдеш.

Девојче: Благодарам, мислам дека ќе им се допаднат сликите.
Муштерија: Имате ли книги кои ги потпишале автори кои наскоро ќе умрат? Би сакал да истражувам.

Муштерија: Ја барам книгата Ромео и Јулија. Се работи за Ди Капри и уште една банда.

Муштерија: Ми се допадна книгата Педесет нијанси на сиво. (Пауза) Имате ли илустрирана верзија?

Муштерија: Дали ја имате Џејн Ер? Треба да ја читаме во нашиот книжевен клуб.
Продавачот: Секако, веднаш ќе ви донесам примерок.
Муштерија: Благодарам. Знаете, одам во тој клуб, но всушност мразам да читам.

Продавачот: Па тогаш зошто одите?

Муштерија: Навистина не знам. (Пауза) За да си олеснам купив книга со наслов Како да зборувате за книги кои никогаш не сте ги прочитале.
Продавачот: И?
Муштерија: Не ја прочитав.

Постар муштерија: Не можам да верувам дека сите ја читаат оваа книга Педесет нијанси на сиво.
Продавачот: Да. Верувам дека сметате дека не е за вас.
Муштерија: Ох, не! Веќе сето тоа го пробав, нема потреба уште и да читам за тоа.

Муштерија: Здраво! Барам пишувана верзија на својот ГПС.
Продавачот: Мислите мапа на патишта?
Муштерија: Можеби.

Муштерија: Здраво, барам Библија за својата мајка, но не сум сигурна кој е автор.

Муштерија: Дали направиле филмско издание од Библијата кога Страдањето на Исус беше во кината? Знаете, текстот е библиски, но Мел Гибсон е на насловна страна?

Муштерија: Дали имате некоја нова книга од Чарлс Дикенс?
Продавачот: Па, тој не објавил ништо уште од 19 век...
Муштерија: Таа нова книга ја промовира Опра Винфри.
Продавачот: Ох, да. Приказната за два града, да ја имаме.
Муштерија: Да, како што ви реков, новата.

Муштерија: Кога ќе го повикате Толкин да потпишува книги?

 текстот е преземен од Дејли Меил Лондон

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »