речник контакт

Најстарата зграда во Велес е изградена 1935 година

Таа е сопственост на Лукареви, во нeа живеe наследничката Зоре поранешна библиотекарка

Петар Печков

Дали знаевте дека најстарата зграда во градот  Велес но и во поширокиот круг на општината  е изградена 1935 година. Ова е податокот  од Регистарот на станбени згради, истражување извршено од  Хабитат Македонија. Според адресата приложена во истражувањето тоа е трикатна зграда на улица Алексо Демниевски Бауман бр.9.

Нејзини сопственици се велешкото семејство Лукареви. Повеќе детали за зградата ТрМр обезбеди од сопственичката Зоре  Лукарева, која велешани ја помнат, откако цел работен век го мина како библиотекарка во Градската библиотека.  

„Оваа зграда е изградена 1935-та година. Тоа се однесува само на објектот кој е на крајот од зградата, таа што е претходно малку е закривена е градена подоцна после 1964-та. Градена е со печени цигли од Киро Ќучук.  Местото кое го купиле моите дедовци, тука порано било Монопол, на ова место. Меѓутоа се запалил објектот, имало пожар, местото било на некои Тончови. Моите стари го купиле и тука ја изградиле оваа куќа, тогаш имала два ката а третиот е дограден 1965-та. Моите стари имале фабрика за изработка на книжни  кесиња. Таа била во дворното место до зградата. По војната 1945-та тогашните власти,  фабриката јаконфискуваа“ - кажа Зорето Лукарева.  

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »