речник контакт

Најстарата зоолошка градина во светот

Tiergarten Schönbrunn се наоѓа во Виена и е основана на 31 јули 1752. „Дом“ овде имаат околу 500 животински видови, дури и најретките, како сибирски тигар, нилски коњ, панди и еднороги носорози

Петар Печков

Кога царицата Марија Терезија издала наредба за проширување на дворецот Шенбрун, нејзиниот сопруг посакал во градините што го опкружуваат дворецот да се смести и зоолошка градина. Така настаналa Tiergarten Schönbrunn, виенската зоолошка градина..

Знаевте ли дека зоолошката градина во Виена е најстара во светот? Некогаш била резервирана само за припадниците на Хабсбуршката династија, но подоцна ја отвориле за јавноста, под услов посетителите да бидат „пристојно облечени“ (?)

Зоолошката градина во Виена е основана на 31 јули 1752 година. Некогаш оваа градина била втора најпопуларна атракција на Виена. Изградена е во барокен стил и се состои од еден павилјон, каде што царската двојка можеле во мир да појадуваат или да пијат кафе, опкружени со осум посебни „делови“ во кои сместувале разни видови животни. Навиката за чување големи животни во кафези заради рекреирање на богатото семејство бил обичај кој се развил во доцниот среден век и ренесансата. Во време кога е основана оваа градина, веќе постоеле слични институции низ Европа, но сè уште е отворено прашањето зошто истите не биле категоризирани како зоолошки градини. Од основањето во 1752 година сè до 1779 година, пристап до градината имале само припадниците на кралската династија и нивните специјални гости, а од 1779 година била отворена и за јавноста, а посетите биле целосно бесплатни

Синот на Марија Терезија, Јозеф Втори, го наследил интересот за  природата од родителите, па организирал многу експедиции низ Америка и Африка за збогатување на фондот на фауната во градината со нови и егзотични видови животни. Во 1826 година, во зоолошката градина била донесена првата жирафа, која била вистинска атракција и имала свое влијание врз уметноста, модата и книжевноста во тогашна Виена.

Пред почетокот на Првата светска војна, зоолошката градина имала „збирка“ од 700 видови животни со над 3500 единки. Но, заради погубноста на војната, особено за Австрија, на крајот од војната во градината преживеале само 900 единки. 

И покрај краткиот период на „закрепнување“ и минималната обнова на животинскиот фонд во периодот меѓу двете светски војни, може слободно да се констатира дека во истиот период градината била занемарувана, а најстрашните моменти ги доживеала во текот на Втората светска војна. За време на „Виенската битка“ во февруари 1945 година, при бомбардирањето на градот, многу животни биле убиени, а нападот успеале да го преживеат само 400 единки.

Денес оваа зоолошка градина е една од најпопуларните, а во 2009 и 2010 година е прогласена за најдобра зоолошка градина во светот. Свој „дом“ овде имаат околу 500 животински видови, дури и најретките, како сибирски тигар, нилски коњ, панди и еднороги носорози.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »