речник контакт

Најстрашни и најсурови цивилизации во историјата

Позната поговорка вели дека историјата ја повторуваат тие кои не ја знаат. Поради тоа, ако малку ве интересира иднината на светот, обратете внимание на листата на пет најбрутални цивилизации во историјата. Некои од нашите предци биле толку насилни и сурови што се исфрлени од категоријата „фејс“ и ставени во домен на „пореметени колачи“. Да, да и Спартанците се во тој кош.

Петар Печков

5. Келти

За Келтите се знае многу малку, веројатно бидејќи не оставале записи за настаните и многу сведоци буквално останале без глави.

Пред се, многу сакале да сечат глави. По долга и тешка битка, на непријателите им ги сечеле главите и ги собирале како сувенири. Потоа ги носеле дома и со нив ги краселе домовите. Просечна келтска одаја веројатно изгледала како соба на Предатор со трофеи.

Ако се работело за глава на некое посебно важно лице, ја балсамирале и ја покажувале на забави, со задолжителни пофалби за нивниот грозоморен чин со секира. Причина за оваа опседнатост со човечки глави лежи во нивното верување дека во неа се наоѓа душата, па ако на непријателскиот војник му ја отсекле главата пред да замине душата, победата била целосна.

Дали навистина биле такви?

Исто како дивјаците намачкани со бои од филмот „Храбро срце“ и Келтите понекогаш се премачкувале со сина боја и се бореле целосно голи. Не се плашеле дека на тој начин на непријателите им нуделе разни делови од телото како на послужавник, едноставно бестрашно воопшто не се грижеле за тоа.

4. Ацтеки

Се сеќавате на сцената од „Индијана Џонс“, во која на еден несреќник му го откорнуваат срцето и му го фрлаат на лав? Помножете го тоа со илјадници мртви и ете ви ги Ацтеките.

Ацтеките верувале дека секои 52 години боговите слабееле и на светот му се заканувало пропаст. Како што сите знаеме, боговите одлично реагираат на крвави масакри, па жртвувањето на луѓе станало составен дел на ацтечкиот начин на живот. Многу жртви биле понудени на богот на Сонцето, а церемонијата се одржувала на врвот на огромна пирамида. Последна работа која „доброволецот“ ја гледал пред да му го искорнат срцето од градите, биле скалите низ кои на крај се фрлал трупот. И убав поглед од врвот на пирамида.

Дали навистина биле такви?

Навистина биле такви. Дали го спомнавме канибализмот? Откако жртвата ќе се истркалала низ скалите, од трупот ги јаделе рацете, нозете и уште некои делови од телото. Некои историчари сметаат дека жртвувањето на луѓе немало врска со боговите туку со недостигот на храна. Немале домашни животни и прехраната им содржела многу малку масти и месо. Ако некогаш сте имале цимер кој се одлучил на вегетаријанска диета – знаете како е.

Следува најлошиот дел. Таа цивилизација морала да се стреми кон постојан развој, во однос на тоа се влошувале и техниките за колење на луѓе. Церемонијата на жртвување на богот на огнот се состоела од фрлање на штотуку венчана двојка во оган. Откако умирале од изгорениците, ги ваделе од огнот и секако им ги искорнувале срцата.

Но, чекајте тоа не е се! Не го објаснивме жртвувањето за божицата на земјата – наоѓале млада девојка на која и ја дереле кожата и ја носеле наоколу како костум. Можеби се прашувате зошто никој од народот не се бунел?

3. Асирци

Асирците стотици години биле малтретирани од страна на посилните народи. Насмевката на лицето им се појавила дури откако го пронашле тајното оружје – железото.

Асирците биле прв народ кој за производство на оружје почнал да користи железо, додека останатите се уште мафтале со бронзени играчки. За подобра илустрација, тоа е како да го нападнете Дарт Вадер со чепкалка за заби. Железото им дало неверојатна предност и одеднаш станале победници во битките.

Дали навистина биле такви?

Во суштина да, еве еден убав цитат на кралот Ашур-насир-пала: „Изградив столб пред градската порта, ги одрав водачите на бунтовниците и со нивните кожи го покрив столбот, некои ги заѕидав во столбот, некои на столбот ги набив на колец, а некои ги заврзав за колци околу столбот; многу луѓе беа одрани во мојата земја и нивните кожи беа обесени долж ѕидините; отсеков екстремитети на многу луѓе, кралски службеници кои се побунија“.

Навистина, заплашувањето било и останува една од важните воени тактики, но читајќи го цитатот, звучи едноставно како да уживале?

2. Спартанци

Се сеќавате ли на парадата на полуголи намрсени манекени наречени „300“? На почетокот има сцена со фрлање на бебе од карпа, тоа не е само филм. Таква била судбината на многу деца кои не биле „совршени“. Прво новороденчето го ставале во вино, да видат дали ќе преживее. Спартанецот морал да биде „алкос“ од првиот ден, значи многу да пие. Бидејќи легендите се добро познати, да преминеме на главното прашање.

Дали навистина биле такви?

Секој Спартанец бил војник. Сите други работи ги вршеле робови: Спартанците биле воини и точка. Должност им била да се борат до смрт или ако преживеат, барем до 60 години. Во тоа време и во тие услови да се доживее 60-тата било исто како да се доживее 400-тата денес. Тие кои преживувале до „пензија“ не заслужувале надгробен споменик по смртта. Надгробни плочи добивале само тие кои загинале во победоносна битка. Ако сте ја поминале војната, мислите дека сте воен херој? Ако се уште сте живи, не сте доволно добри за Спартанците. Една од најважните работи била да се чува својот штит, тој кој ќе го изгубел добивал смрна казна. Негова должност била да се врати по него или да умре обидувајќи се да го најде.

Иако можеби оставаат впечаток на мачо херои, мораме да го спомнеме фактот дека ги тепале своите робови и тоа по закон. Морале така. Иако тепањето не било најлошо што можело да им се случи на робовите, прославата за машкоста за младите Спартанци вклучувала и отворен лов на робови. Притаено се движеле низ градот и ги убивале од заседа, сурово и без жал. Ако некој не убиел барем еден роб, бил губитник од прва класа.

1. Монголи

Еве мала лустрација. Замислете стадион, 100.000 луѓе, помножете ги со 400 и замислете дека сите тие се заклани. Така би изгледало кај Монголите. Се проценува дека во времето на Џингис Кан биле убиени 40 милиони луѓе. Кога Монголите станувале нервозни, а некој град случајно им се нашол на патот, едноставно жителите имале многу лоша среќа. Имале два избора. Првиот најпрактичен избор бил да се предадат и да прават со нив што сакаат (да им ја земат храната, стоката, жените, децата). Другиот избор бил да не се предадат и да гледаат како гори градот, како ги уништуваат полињата и за крај, на сите живи во градот да им ги исечат главите.

Дали навистина биле такви?

Кога се освојувала Индија, монголскиот генерал пред влезот на Делхи изградил пирамида од човечки глави. Ако сте замислиле еден куп глави натрупани на едно место, не сте се сконцентрирале на тие стадиони од почетокот на текстот – пирамидата се состоела од 90.000 глави.

Исто како лудите Келти, и Монголците биле опседнати со човечки глави. Омилена тактика им била да ги соберат на едно место и со нив да се катапултира градот кој го освојувале. Со главите понекогаш летале и тела заразени од чума. Што се однесува на борбите еден на еден, најсурови биле кон бремените жени. Нема да зборуваме за тоа.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »