речник контакт

Најсуровите нации во историјата на човештвото

Низ историјата постоеле многу цивилизации кои во свое време сееле страв и трепет по Земјината топка и зад себе оставале немилосрдна пустош. За Спартанците, за Маврите, за Викинзите, за Апачите, за Римјаните и за нацистите

Петар Печков

Спартанци
Спартанското семејство во многу нешта било поинакво од останатите семејства во време на атничка Грција. Децата биле повеќе во посед на државата, не толку на сопствените родители. Биле одгледувани да станат воини, лојални на државата, силни и дисциплинирани. Иако во филмот 300 се прикажани како грижливи и дружељубиви, Спартанците биле се, само тоа не. Доволно зборува фактот дека секој возрасен Спартанец бил војник. Сите останати работи ги работеле робови кои ги доведувале по походите. Спартанците се бореле се до пензија на 60 годишна возраст. Но, ако Спартанец не умре во борба, не заслужувал да му се подигне споменик, т.е. задглавен камен. Ако некој воин го изгубел својот штит за време на борба, се казнувал со смрт. Вистинскиот војник би се вратил назад и би го земал својот штит, или барем би умрел при тој обид.

Маори
Маорите се пражители на Нов Зеланд, а се до 18 век биле познати по тоа дека буквално го јаделе секој непосакуван гостин на островот. Верувале дека ако изедат месо од противник, ќе ја добијат неговата моќ и мудрост. Кон крајот на 1808 година, тогашниот поглавар на Маорите го изгубил синот во една битка. За одмазда идната година нападнал брод кој се приближувал кон брегот на Нов Зеланд. Само тројца од 66 патници преживеале бидејќи успеале да се сокријат во внатрешноста на бродот, но и тие останале престрашени од глетката како Маорите буквално ги касапеле нивните сопатници.

Викинзи
Овие истражувачи пловеле низ сите делови на Европа, Азија и северниот Атлантик и секаде сееле страв. Ниту еден не станувал Викинг ако одбиел да оди во битка, или прилика да се бори против некого. А тие борби биле крволочни, ладнокрвно ги убивале своите непријатели. Исклучително силни и големи, Викинзите својата надмоќ ја покажувале во борба каде вешто ракувале со разно оружје. Тие најверојатно биле единствена цивилизација на светот која верувала дека нивната единствена суштина за постоење е да војуваат. Буквално уништувале се пред себе.

Апачи
Познати по својата храброст во борбите, Апачите биле своевидни нинџи во Америка. Не биле како другите племиња лесно да ја дадат својата земја без борба. Биле познати по својата борбеност и умешност за правење на оружје од дрво и камен. Се прикрадувале на противниците зад грб и им го пресекувале грлото. Тие биле најдобри на светот во фрлање на ножеви и одлични фрлачи на секири. Го тероризирале југозападниот дел на САД, па британските војници и сите доселеници многу се плашеле да се сретнат со нив.

Римјани
Римјаните биле познати по својата суровост и бруталност која ја имале кон робовите. А сите тие кои не можеле да ги земат за робови ги убивале. Во свое време биле владетели на цела Европа, а самиот поим на римски војник влевал страв во коски кај многу народи. Не бирале начин на кој би наштетиле на своите противници и на покорените народи покажувале дека се надмоќни. Први кои настрадале од нив биле христијаните кои морале да се кријат во катакомби за да избегнат сигурна смрт.

Нацисти
За нив не треба многу да се пишува. Дури не можат ни да се наречат нација. Но, поради целиот хорор кој го направиле треба да се наведат. Иако тука се работи за болест на еден човек на кого му верувале масите, ужасот кој бил направен од негова страна е незамислив и незапамтен во историјата на човештвото. Гасни комори, стрелања, бесења, изгладнување, само се некои методи со кои се обиделе да ги истребат Евреите, Ромите, Словените  и сите кои не ги сметале за припадници на својата ариевска раса.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »