речник контакт

Најчесто причинатa за застојот на сигурносните железнички рампи, се кражбите

Годинава се предвидува реконструкција на сигнализацијата на железничките патни премини

Петар Печков

Велешани се сведоци дека често безбедносни рампи во градот  не функционираат. Тоа го отежнува сообраќајот во градот, се создаваат големи колони и метеж во сообраќајот во централното градско подрачје. Граѓаните и пред се возачите, за ова често реагираат.

Ова прашање му беше упатено на директор на ЈП  МЖ Инфраструктура Хари Локвенец, при неговата посета на патните премини во Велес. Објасни дека најчесто во прашање се кражби.

„Се крадат каблите заради бакарот и поради тоа доаѓа до застој во работата на безбедносните рампи, не се спуштаат. Предвидено е годинава да се изврши реконструкција на сигнализацијата, независно дали е звучна, светлосна или со браници.  Тоа ќе биде според бројот на возила кои минуваат на  премините, најфреквентните ќе бидат реконструирани.  Тоа ќе се случи годинава“- кажа Локвенец.

Тој  упати  апел до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните знаци и правила бидејќи  учесниците во железничкиот сообраќај строго ги почитувале  безбедносните процедури.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »