речник контакт

Не било излетување, туку сообраќајка помеѓу две возила, во петокот по наплатна рампа Отовица

Тричленото семејство од Битола, заврши на КАРИЛ во Скопје

Петар Печков

МВР излезе со информација, но и со идентитетот на лицата, од сообраќајката ,која се случи вчера, петок, околу пладне, после наплатна рампа Отовица, од автопатот Велес- Скопје. Во сообраќајката со потешки и полесни повреди се здоби  тричлено семејство од Битола, кое патувало за Скопје.

На 11-ти септември во 11  часот било пријавено дека на автопатот Велес - Скопје, после наплатната станица „Отовица“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило “фиат стило“ со битолски регистарски ознаки управувано од В.В.(56) од Битола и товарно моторно возило -влекач “ман“ со полуприколка со кавадаречки регистарски ознаки управувано од Г.Н.(43) од Неготино - соопштија од МВР.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здоби возачот В.В. и сопатничка од истото возило С.В.(54) кои поради тоа беа пренесени на КАРИЛ  во Скопје а  нивната 15 годишна  ќерка, иако со полесни телесни повреди, бидејќи била лице со посебни потреби исто така е префрлена на Ургентен центар во Скопје.

Извршен бил увид на местото на настанот од екипа од СВР- Велес, и по извршените анализи ќе биде познато причината за сообраќајката.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »