речник контакт

Не е до сексот, туку до статистиката

Хламидијата високо на листата на заразни болести во Велес

Петар Печков

Зголемениот број на заразени од хламидија во Велес во втората половина на минатата година не е резултат на зголемената сексуална активност или премената на партнерите, туку на  статистиката.

 Ова е објаснувањето кое дојде од Центарот за Јавно здравје од Велес, откако  тие  во писмената информација доставена до Советот на  општината преку бројки констатираат дека  хламидијата високо котира кај заразните болести во градот.  

Според пронајдените случаи во вторите шест месеци, хламидијата во Велес  е на високото второ место, зад ентероколитисот, некој месец со   сипаниците друг со грипот, но постојано  во врвот. 

Наглиот пораст на регистрирани случаи на  хламидија во Велес не се должи на други фактори, освен на статистиката.  Министерството презеде активност за заштита на  трудници и на жени до 35 години, за скрининг на  присуство  на  оваа бактерија.  Се испитуваше поради тоа што се јави  голема брачна неплодност. Поради тоа се   започнаа  масовни испитувања. Немаме податоци од минатите години каква била состојбата, лани се вршеа прв пат испитувања и се најдоа поголем број  носители.   По некоја година ќе може да се изведуваат било какви заклучоци, сега е рано.  Единствената причина за поголемиот број регистрирани случаи е спроведено почетно и  масовно  испитување - вели д-р Флорентина Шурбевска Ристовска директорка на Центарот за Јавно здравје во Велес.  

Хламидија е сексуално пренослива болест, која може да доведе до неплодност ако навреме не се лекува. Преку мајката може да се пренесе и на новороденче.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »