речник контакт

Не е дозволено фотографирање за табло, препорачало Министерството за образование

Ако се создадат услови,матураните и полуматурантите, фотографирањето може да се случи и во јули и август

Петар Печков

Не е дозволено  фотографирање на матуранти и полуматуранти за таблото. Ова е препораката која  Министерството за образование ја испратило до Општина Велес а таа ја пренела до директорите на средните и основни училишта во Велес.

Реакцијата доаѓа откако  одредени фото студија од градот, ги повикуваат самоиницијативно учениците од завршните одделенија да се фотографираат, без никаква организираност со училиштата, каде настава посетуваат учениците. 

Препораката од МОН заради севкупната здравствена ситуација во земјава и потенцијална опасност, при одење во фото студијата, каде се фотографираат младите,  е дека не треба да се дозволи фотографирање.  Тоа не значи дека оваа генерација не би имала спомен табло, туку да се стрпат и да се создадат услови во јули август да се изврши фотографирањето. За тие кои не ги почитуваат мерките за заштита, обврзани сме да преземеме соодветни санкции - кажа Аце Коцевски градоначалник на Велес.

Тој дополни дека МОН им препорачало на училиштата таму каде таблото и фотографирањето било извршени пред да почне кризата со корона вирусот, да не ги поставуваат јавно, за да не се доведе во заблуда јавноста во тие градови, дека се случило фотографирање во време на ковид-19. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »