речник контакт

Не за загадувачот

Топилницата не е добредојдена во Велес, таа е несакан гостин а нејзиниот рестарт е против интересите на здрвјето на велешани, ова е ставот на Одборот за спас на градот од некогашниот металрушки гигант.

Петар Печков

Топилницата не е добредојдена во Велес, таа е несакан гостин а нејзиниот рестарт е против интересите на здрвјето на велешани, ова е ставот на Одборот за спас на градот од некогашниот металрушки гигант. Пораката беше испратена од итната седница која ова тело ја одржа вчера по најавите дека  новите сопственици на Топилницата, Метрудхем, влегле во комбинатот и започнале со одредени подготвителни активности. Одборот за спас постави една цел, да ги спаси велешани од загадувањето што Топилницата го предизвикувала  претходните три децении и ќе го предизвикува во иднина ако проработи.

- Приоритет се младите генерации и неродените деца а доколку се дозволи рестарт на Топилница тие ќе бидат жртви на нејзината работа.   Граѓаните на Велес не можат да бидат заложници на одреден стопански субјект, кој остварува сопствен финансиски интерес на штета на здравјето. Бидејќи се работи за судбината на 50-тина илјади жители,  ова тело мора да бидат вклучено  во решавањето при евентуалниот рестарт на Топилницата. Судбината на велешани ќе зависи од институциите на државата  и на овој начин, преку овој Одбор, ние го кажуваме нашиот ставот – изјави Горан Петров градоначалник на Велес. За таа цел до крајот на јануари наредната година претставници на Одборот за спас на Велес ќе остварат средби со премиерот и  ресорните министри надлежни за работата на овој комбинат. Велешани се гневни што новите сопстеници на Топилницата и по година и половина откако го добија на тендерот, ниту еднаш не се појавија во јавноста да ги кажат нивните планови. Претставниците на Метрудхем, наместо одговор в?што се кријат и бегаат при секое појавуање во  Основниот суд во Велес, тоа е единстената институција која ја посетуваат во градот. При неодамнешното плаќање на данокот на имот, во локалната власт  во Велес, дошло техничко лице, кое не било овластено да зборува за иднината на Топилницата. Со години созреваната еколошка свест, градена врз илјадниците болни во градот, бројните мртвороденчиња, стерилните бракови, невладините организации ќе ја употребат повторно, доколку треба.

- Ова минимизирање зборува за несериозен, потценувачки, игнорантски однос на сопстеникот. Колку пати јавно го повикавме да се идентификува и ги каже плановите, но одговор не добиваме. Доколку се реши да ја сече и продава како старо железо, сами ќе дојдеме да му помогнеме. Доколку се реши да започне да работи, ќе наиде на отпор – вели Игор Смилев од ЗГ Зелена Сила. Тоа заедно со десетина други граѓански здруженија и локалната власт е член на Зелената коалиција, која пред две години го одржа најмасовниот еколошки протест во Македонија кога илјадници граѓани со свеќи во рака се упатија до влезната врата на Топилницата. Таков протест не се исклучува да се случи и напролет, доколку започне да работи.

- Таа е потенцијален загадувач и сега, бидејќи доколку се почне да се топи олово или оловни акумулатори во ротационите печки, ќе се ослободуваат диоксиди и фурани, од изгорената пластика. Тие се многу опасни кога се во високи концентрации. Новиот сопственик може веднаш ова да го работи, сите услови се исполнети – вели инжинер Петар Стојанов поранешен вработен во Топилницата, сега консултант за еколошки дозволи и член на Одборот за спас Велешани од јуни 2004 - тата ги уживаат плодовите на неработењето на  големиот загадувач. За овој период дишат чист воздух., наспроти 2001-та кога од страна на Светската Здравствена органзиација беше прогласен за ризичен град за живеење поради високите концентрации на сулфуирдвеоксид и чад.

- Во последните пет години имаме состојба да ниту еден ден во градот нема повисоки концентрации на ЅО2.  Тоа доволно зборува за условите во кои живееле и сега живеат велешани – изјави д-р Вера Ристова од Заводот за здравствена заштита и челн на Одборот. Велешани се благодарни што и МПЦ и ИВЗ писмено се огласија и ги поддршаа во настојувањата „не“ за Топилница.

\"\"

\"\"

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »