речник контакт

Не запираме, се додека топилница не оди под клуч

Министерот Адеми е за капитални инвестиции или за животна средина? Директорот на Метрудхем Димитороски да се извини, оти без аргументи рече дека малфорамциите на новороденчињата не се поврзани со работата на топилницата

Петар Печков

Велешани со излезноста на минатонеделниот протест најдобро кажаа што мислат за рестартот на топилницата. Тој ги обедини велешани по сите линии и испрати силна порака, ,,не ја сакаме топилницата тука во градот,,.

Со најмалку 15 илјади протестанти или секој трет велешанец, присуството и на младите и нивните родители, покажа дека тие се единствени во нивната борба за здрава и чиста животна средина. Ова е  го кажа ,,Зелената коалиција,, на денешниот прес, на кој тие најавија дека ова е последниот мирен  протест.

Благодарност до граѓаните на Велес но и присутните од други градови од Македонија кои дојдоа да не поддржат во нашата борба против  рестартот на топилницата. Кога се работи  за животот и здравјето нема предрасуди, нема колебања, сети знаеме што е најдобро за Велес. Излезноста на протестот најдобро зборува што велешани мислат за ова прашање – рече  Далиборка Златева претседател на   ,,Здружението на родители на деца заболени од церебрална парализа,,. 

Организаторот потсети дека маса луѓе за тие два часа не предизвикала ниту еден инцидент, немало скршено ниту гранче од дрвјата а не за нешто повеќе, но повеќе нема да се користат со мирољубиви средства, ако се реши топилницата да проработи. 

Велешките ,,зелени,, се лути на изјавите на надлежниот министер   Абдулаким Адеми и на директорот на ,,Метрудхем,,.  На министерот му забележуваат откако  изјавил дека треба да мисли и на инвеститорот, па го прашаа дали е министер за капитални инвестиции или за животна средина. Директорот пак на ,,Метрудхем Тони Димитровски изјавил дека  нема докази дека загаденоста на Велес е во корелација со здравствените проблеми на велешани.

Бараме јавно да се извини, на сите мајки кои плачеле за судбината на нивните чеда, кои се родиле со малформации, како резултат на загаденоста. Ова е безобразлук и срамна изјава – рече Ненад Коциќ од ,,Зелената коалиција.  Заради молкот на извршната власт за проблемот со загадувањето , велешките ,,зелени,, побараа одговор од премиерот Никола  Груевски, да се изјасни  каков е неговиот став неговиот став да околу состојбите со топилницата со олово и цинк.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »