речник контакт

Не може повеќе вонредно да се учи средна медицинска

На овој начин кандидатите ја избегнуваат праксата но и процесот за стекнување на диплома е краток

Петар Печков

Во средните училишта во државава кои имаат насоки од здравствена струка веќе нема да може вонредно да се запишуваат ученици. Од Министерството за образование и наука соопштија  дека во овие училишта е пратен допис со кој се бара запишувањето вонредни ученици да се стави во мирување.

„Одлуката е донесена за заштита на националните интереси, а согласно анализа на состојбите на пазарот на трудот “- велат од Министерството за образование и наука.

Заинтересирани се најчесто кандидати со завршено средно образование, кои се преквалификуваат со намера да стекнат диплома во овие области и да конкурираат за работа во странство, на овој начин ја избегнуваат праксата но и процесот за стекнување на диплома е краток.

Досега вонредно можеше да се заврши средно образование за медицинска сестра, фармацевтски техничар и за други профили од здравствена струка.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »