речник контакт

Не се плаќа туристичката такса во Велес

Двата хотели во Велес не ја плаќаат туристичката такса која ја наплатуваат до гостите кои престојуваат кај нив.

Петар Печков

Двата хотели во Велес не ја плаќаат туристичката такса која ја наплатуваат до гостите кои престојуваат кај нив.  

Таа е изворен приход на општинскиот буџет, но за девет месеци годинава на сметката за привремен престој нема стигнато ниту денар, се пожалија локалните власти. На седницата на Советот на општината каде се разгледуваше извршувањето на локалниот буџет, надлежните служби констатираа дека пари нема.

- И натаму продолжува избегнувањето на обврската на хотелите Вила Зора и Романтик да ја платат туристичката такса од нивните гости. Досега нема дојдено ниту денар од туристите кои престојувале во Велес, иако знаеме дека ги има бидејќи и наши гости беа таму сместувани а за тоа сметките ни се подмирени, вклучувајќи ја таксата – изјавија надлежните.

Тие побараа надлежните инспекциски служби да го проверат работењето и неплаќањето на давачките. Финансиските служби потенцираа дека уште една ставка е нула и со  ниту еден пристигнат денар а тоа е плаќањето на такса за изведувањето на музика во сите локали во градо?, бидејќи угостителите не ја плаќале оваа давачка која е приход на општината.

Во првите девет месеци од годинава  локалниот буџет е исполнет со 58 отсто.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »