речник контакт

Не со комбајни под далеководи, и не за наводнување во далекуводните траси

МЕПЦО апелира до земјоделците

Петар Печков

МЕПСО ги предупредува сите земјоделци во екот на тековната жетва да не поминуваат со комбајните под проводниците т.е. јажињата на далекуводите и да ги избегнуваат далекуводните траси. Заради тоа што со тоа се изложуваат на ризик  и ги загрозуваат сопствените животи како и животите на лицата кои се наоѓаат во нивната околина. 

Апелираме до земјоделците во екот на сезоната за наводнување да не поставуваат системи за наводнување во далекуводните траси заради тоа што водата е проводник на електрична енергија и контактот со проводните јажиња го зголемува ризикот од струен удар на лицето кое ракува со системот за наводнување и на други лица кои се наоѓаат во непосредна близина - се велат од МЕПСО

Потсетуваат не загрозувајте го сопствениот живот како и животите на сите што се наоѓаат во ваша близина.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »