речник контакт

Не три туку два нови случаи на заразени со ковид-19 во Велес и двајца оздравени

Во велешко има 21 активни случаи, на Инфективно одделение има девет потврдено позитивни лица

Петар Печков

Два нови случаи на позитивни со ковид-19 од Велес и двајца оздравени е билансот за денес, информираа од  Центарот за јавно здравје Велес. Со ова бројката на активни случаи  во велешко е 21  пациенти. Иако од Министерството за здравство соопштија дека во Велс има три случаи, од ЦЈЗ објаснуваат дека се два.

Позитивниот случај е маж, кој се заразил од пријател кога  работел  кај него дома. Има и жена позитивна која не може да прецизира по епидемиолошката анкета од кого се заразила. Истата личност се тестирала два пати и приватно и  во ЦЈЗ  во Скопје, и иако со ист матичен број и име и презиме се води како две личности на листата.  Двете лица кои оздравеа се мажи, едниот од Инфективно одделение вториот е од домашно лекување -  информирaa од Центарот за јавно здравје - Велес.  

Досега во велешко имало 283 случаи, од нив излекувани  биле 249 а  14 починале.  Од активни случаи 13 се на домашно лекување, 7 на Инфективно одделение од велешка Болница и еден е на Инфективна клиника во Скопје.

На Инфективното одделение од велешка Болница има згрижени 10 пациенти.

Девет од нив се потврдено позитивни и еден е сомнителен. Три лица денес се пуштени како оздравени, по два негативни теста, еден од Велес, еден од Свети Николе и еден од Кавадарци - соопшти д-р Весна Николова Неделковска, портпарол на Општа Болница Велес.  

АНКЕТА »

Каде го минавте летниот одмор?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »