речник контакт

Невенчан сопруг ја нападнал и повредил сопругата

Двете лица, кои се на 18 години возраст, биле од Штип а настанот се случил во Велес

Петар Печков

Велешката полиција информираше за настан кој вчера попладне се случил во Велес, близу Градскиот пазар.

„На 13-ти јули  од полициски службеници од СВР Велес е лишен од слобода Е.А.(18) од Штип, бидејќи околу 16.30 чaсот на ул.„Нада Бутникошарева“ во Велес, физички ја нападнал неговата невенчана 17-годишна сопруга, исто така од Штип, при што со остар предмет ѝ нанел повреди“ – соопшти Верољуб Додевски портпарол на СВР Велес.

Повредената  била пренесена во болницата во Велес за укажување на лекарска помош. 

„Повреденото лице имало посекотини, дадена е потребната помош и пуштена на домашно лекување“ – кажа д-р Елеонора Јованова, портпарол на Општа Болница Велес. 

По овластување на Јавен обвинител бил извршен увид од страна на увидна екипа од СВР Велес. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »