речник контакт

Неверојатно, морковот поскап од патлиџанот

Влажната година придонесе за помал род на морковот и цената секојдневно се качува

Петар Печков

Цената на морковот на велешкиот пазар стигна до 60 и 70 денари за килограм. Ова е висока цена, што и постарите велешани не ја помнат.  Или еден килограм моркови колку килограм и половина домати, што е рарите. Секогаш доматот бил поскап од морковот.  Градинарите  објаснуваат дека причината за високата цена на морковот  е врнежливата година.

Морковот не сака влага а годинава е врнежлива, земјата влажна. И се скапува. Во Велес дури е и евтин, во Скопје оди по 100 денари за килограм. Цела Македонија има недостиг на мароков и цената расте. Слично е и во соседна Србија која е голем производител - вели земјоделец од велешко.   

Производителите очекуваат дека есенва , во време на подготовката на традиционалната туршија цената ќе биде далеку повисока.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »