речник контакт

Невремето го уништи родот во селата источно од Велес (фото)

Околу три илјади хектари под лозје, тутун, житарици се целосно уништени, се жалат земјоделците од Иванковци, Мамутчево и општина Лозово

Петар Печков

Средата попладне регионот на селата источно од Велес, кои се во делот на Овче Поле ги зафана големо невреме. Град и пороен дожд ги уништи сите култури кои земјоделците ги одгледуваа. Тие се жалат дела не остана ништо од родот и од културите, така што доведена им е во прашање егзистенцијата.  

 Имам 50 години, но вакво невреме не памтам. Се спои земјата и небото, градот се столче. А ветените градобијни ракети никаде ги немаше. Се е уништено - вели земјоделец од селото Мамутчево.  Со ваков проблем се судрија неколку илјади жители од соседните села Иванковци, Каратманово, Сарамзалино, Милино, Лозово, Кумарино, Дорфулија. 

Се што вложивме годинава ништо нема да добиеме назад. Ова е катастрофа. Лозјето, тутунот се сто посто оштетени. Житариците  исто така, а беа пред жнеење. Очекуваме државата да не обесштети оти во прашање се  многу фамилии од овој дел на велешко - вели друг жител на селото Иванковци. 

Се проценува дека има штета на околу три илјади хектари, во неколку села во велешко и во повеќе во општина Лозово.  Но штети има и на некои објекти и домови од семејствата во овие десетина села.

Од Министерството за земјоделие најавуваат дека комисии ќе излезат на терен и ќе извршат преценки на штетата која земјоделците од овој крај ја претрпеа од неодамнешниот пороен дожд, проследен со град.  

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »