речник контакт

Невремето кое го зафати велешко во средината на август направи штета од 30 илјади евра

Невремето кое го зафати велешко во средината на месец август направи штета од 30 илјади евра на 50-тина објекти.

Петар Печков

Невремето кое го зафати велешко во средината на месец август направи штета од 30 илјади евра на 50-тина објекти. Тоа е проценката која надлежната комисија при локалната власт ја утврди по пријавените штети кои ги претрпеа велешани а ја прифати Советот на општина Велес.

Четириесетина граѓани во рокот од еден месец пријавиле дека најмногу се оштетени мебел, бела техника и градежни приземни објекти во ?купна вредност од 1,82 милиони денари. Поројниот дожд кој предизвика и поплави, па дури и еден пожар, најмногу ги оштети жителите на Дервенскиот поток, Сточниот пазар кај Железен мост како и централното градско подрачје улиците Благој Ѓорев и Мршал Тито, каде поради конфигурацијата на теренот се сливеше сета вода од сите делови на градот.

Поради ова штети претрпеа и бројни продавници и деловни објекти во центарот на Велес кои беа поплавени. Оваа проценка локалната власт ќе ја препрати до Владата, кој се обврза дека ќе ги надомести штетите.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »