речник контакт

Неготинец кој ограби казино, заврши во притвор откако мајка му го пријавила во полиција

Од касата одзел 324 илјади денари

Петар Печков

Основното јавно обвинителство Велес започна  истражна постапка против лице на возраст од 24 години, жител на Неготино, поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело Разбојништво . СВР Велес претходно информираше дека четвртокот  на 26 декември   околу 10.30 часот на ул.„Индустриска“ во Неготино, полициски службеници од Полициската станица Неготино го лишиле од слобода П.Ц.(24) од Неготино .

Околу 8  часот лицето со закана со остар предмет од вработени во казино во Неготино одзел пари и побегнал. При преглед кај него биле пронајдени парите и биле вратени во казиното - информираа од СВР Велес. 

Обвинителството со дополнителни моменти од разбојништвото. 

Осомничениот на 26-ти декември, маскиран со маска и перика влегол преку спореден, заден влез во казино во Неготино. Притоа со нож се заканувал на оштетениот – вработен, барајќи да му бидат дадени парите од казиното.  Оштетениот се исплашил и покажал кон касата каде се наоѓале парите, при што осомничениот ја отворил касата и ги земал парите во износ од 324.700 денари.- соопштија од ОЈО Велес. 

Според медиумите неговата мајка, кога дознала што се случило, без двоумење повикала полиција и го пријавила синот. 

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Велес оцени дека постојат околности кои го оправдуваат стравот дека обвинетиот ќе се даде во бегство, ќе го повтори кривичното дело и дека може да влијае врз сведоците, па до Основниот суд Велес поднесе предлог за определување на мерка притвор за осомничениот.  Судијата на претходна постапка при Основниот суд Велес  го прифати предлогот на обвинителството и на обвинетиот му е определена мерка притвор во траење од 30 дена.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »