речник контакт

Неготинка излетала со автомобилот од автопат и починала

Т.П.П. починала во кавадаречката болница

Петар Печков

Утрово неготинка, откако излетала од автопат со нејзиниот автомобил  починала од здобиените повреди. СВР Велес со повеќе информации.

Денеска 9 јуни во 08.40 часот во ОВР Неготино било пријавено дека на автопатот А1, кај тунелот Т1 на делницата Гевгелија – Неготино, патничко возило „фолксваген“ со неготински регистарски ознаки, управувано од Т.П.П.(47 год) од Неготино, изгубило контрола и се превртело. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Т.П.П. и била пренесена во Општа болница Кавадарци, каде што околу 10 часот починала“ - соопшти Ристе Самарџиев, портпарол на СВР Велес.

По наредба на Јавен обвинител телото на починатата било дадено на обдукција, а увид на местото извршила екипа од ОВР Неготино.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »