речник контакт

Недела и понеделник 21 и 22 август големата летна крводарителска акција

В сабота крводарителска акција во населба Чашка

Петар Печков

Недела и понеделник, ќе се одржи традиционалната голема летна крводарителска акција, организирана од Општинскиот црвен крст Велес. Таа годинава се одржува 30-ти пат, како и претходените во траење од  два дена.

Дарителите ќе можат да даруваат крв на 20 и 21 во терминот од  8 до 14:30 во просториите на ЛИКОВНИОТ САЛОН во Велес.

„Ги повикуваме сите граѓани кои сакаат да дадат придонес за јавното здравје на населението да учествуваат на акцијата. Крводарителството е врвен чин на хуманост“- посочија од ОО на Црвен крст Велес.

Најуспешна беше таа во 2010-тата кога  беа собрани рекордни 383 крвни единици.

В сабота пак, 20 август  во населба Чашка ќе се одржи традиционална крводарителска акција по повод Денот ан Општината. Во терминот од 8 до 13ч. во училиштето Тодор Јанев, bкрв ќе може да даруваат сите заинтересирани.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »