речник контакт

Недела на 27 март започнува летното сметање на времето

Стрелките на часовникот треба да се поместат за еден час нанапред, односно времето во 2 часот, ќе се смета како да е 3 часот

Петар Печков

Во последниот викенд во март 2022-та година, ноќта во 2 часот меѓу 26-тии 27-ми март почнува летното сметање на времето.

Стрелките на часовникот треба да се поместат за еден час нанапред, односно времето во 2 часот, ќе се смета како да е 3 часот. До крајот на март денот ќе се зголеми и ќе се стемнува околу 18 часот, а со поместувањето на стрелки, ден ќе имаме се до 19 часот, а на почетокот на летото и до 20 часот.

Зимското сметање на времето ќе започне последниот викенд во месец октомври, на 30-ти.

Преминувањето на времето од зимско кон летно и обратно првпат почнало во 1916 та година во државите на северот во Европа, а денес е практика во 70 земји од Светот.

Европскиот парламент уште пред три години  го поддржа предлогот за укинување на задолжителното поместување на часовникот за еден час во земјите од Европската Унија, но ниту  една  членка не избрала дали постојано ќе остане на летно или на зимско сметање на времето.

АНКЕТА »

Дали ФК Борец ќе го мине баражот и од есен ќе игра во Втората фудбалска лига?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »