речник контакт

Недела на солидарноста

Годинава целна група старите изнемоштени лица од руралните средини и лицата со посебни потреби

Петар Печков

Под мотото: ,,Вашиот прилог – значајна помош,,  Општинскиот Црвен крст од Велес  oд 18-ти   до 24 април ќе ја одбележи традиционалната ,,Недела на солидарност,,. Во рамките на Неделата, Црвениот крст организира Собирна акција со цел да се побуди чувство на хуманост и солидарност кај граѓаните, посебно кај младата генерација за меѓусебната помош и поддршка, но и да се обезбеди соодветна помош за најранливите категории на население.

Освен храна, облека, обувки и средства за хигиена граѓаните и компаниите својата хуманост може да ја изразат со парични донации со повик на хуманитарниот телефонски број 143 – 400 на сите мобилни оператори или со уплата на жиро сметка на Фондот на солидарноста на Црвениот крст на Македонија. Црвениот крст 300000001327966 АД Комерцијална банка со ЕДБ 4030984271620.  Годинава целна група биле старите изнемоштени лица од руралните средини и лицата со посебни потреби

Вечерва, среда  се органзира хуманитарниот концерт со почеток во 18:00 часот, во Сала „Бели мугри“.Концертот има хуманитарен карактер и сите собрани парични средства ќе бидат наменети за целната група на проектот „Да му подадеме рака на Игор“.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »