речник контакт

Неделава две премиери во 3Д Киноверзум, комедијата „Однесиме на Месечината“ и трилерот „Има нешто во водата“

Четири филма се на репертоарот на 3Д киноверзум во Велес наредните седум дена, од нив две се премиери.

Петар Печков


Романтичната комедија „Однеси ме на Месечината“ е првата премиера.  Скарлет Јохансон во улога на маркетинг експертката Кели Џоунс која добива наредба да подготви лажно спуштање на Месечината.

Англискиот трилер филм  „Има нешто во водата“ иа премиера  во Киноверзум Велес.
Пет пријателки заминуваат заедно на свадба на егзотична дестинација каде решаваат да изнајмат брод. Кога остануваат заглавени во отворени води, се наоѓаат во борба за живот против ајкулите кои ги опкружуваат и мајката природа.

На репертоарот четврта  седмица е „Опако, наопаку“ анимиран филм, кој изминатиот викенд беше четврта  недала на врвот по гледаност во кино салите низ светот и прв филм кој во 2024 заработи повеќе од милијарда долари.  „Опаку, наопаку“ е американски анимиран, семеен филм за сите возрасти, продолжение на  успешниот филм од 2015 година. Направете место за нови емоции со најновиот филм од Дизни! Среќата, тагата, лутината, стравот, гадливоста силно ќе бидат потресени со доаѓањето на тежината, досадата, зависта, срамот.  Филмот е во продукција на Pixar Animation Studija  и Walt Disney.

Анимираниот „Подлиот јас 4“  втора седмица на репертоарот.   Гру, омилениот светски супернегативец кој по многу пресврти стана агент на Лигата на негативци, се враќа во возбудливата, смела нова ера на хаосот на Minions во новото продолжение продуцирано од студиото Illumination.

АНКЕТА »

Каде го минавте летниот одмор?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »