речник контакт

Неделата попладне млад неготинец, уапсен откако било откриено дека превезува 320 литри алкохол, без документи

Била пронајдена и одземена акцизна стока, 17 туби со алкохол

Петар Печков

Неделата попладне, на наплатна рампа Градско, уапен млад неготинец, откако во неговиот автомобил пронајдени 320 литри алкохол. Детали од соопштението на МВР.

„На 01 октомври  во 15.20 часот на наплатната станица Градско, полициски службеници од Мобилната единица за компезаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции во Биро за јавна безбедност го привеле К.Ц.(23 год) од село Тимјаник, неготинско. При преглед во патничкото возило „мерцедес“, кое го управувал, бил пронајдена и одземена акцизна стока, односно 17 туби со вкупно 320 литри алкохолен пијалак без никакви документи“ - соопштија од МВР.

Лицето било задржано во полициска станица, а за настанот била известена Царинската управа. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »